Џет-Сет
8. May 2017 - 11:33

Клекна пред 13.000 луѓе и извади прстен: Рапер ја запроси својата девојка

Италијанскиот рапер Федез, во текот на својот концерт во Верона пред 13.000 луѓе ја запроси својата девојка, блогерката Кјара Ферањи.

Федез својата девојка ја извел на бина и и посветил песна, а потоа клекнал и го извадил дијамантскиот прстен.

Двојката се заедно речиси година дена, а од самите почетоци ги споделуваат деталите од својата врска со повеќе од 12 милиони фанови кои ги следат на Инстаграм.