К.Лазаров: Ги распоредивме силите и за Словенија
Македонската ракометна репрезентација ја постигна и втората победа, откако синоќа во Мец беше совладана Ангола со 31:22. Триумфот беше најавен во финишот на првиот дел, а отпорот беше целосно скршен кон средината на вториот дел.
- Очекувано Ангола беше подобра од натпреварот со Словенија. Ние почнавме лошо и имаше малку нервоза. Имавме шанси, но не ги реализиравме. После се си дојде на свое место и сите играчи добија шанса со што ги распоредивме силите во пресрет на дуелот со Словенија, особено што имаме и ден одмор, изјави капитенот Кирил Лазаров.
Со слично мислење е и еден од поискусните во репрезентацијата Филип Миркуловски, кој истакна:
- Знаевме дека Ангола ќе одигра подобро од дуелот со Словенија. Лошо почнавме, но ја постигнавме и втората победа. На Словенија одиме со две победи, а оваа репрезентација добро ни е позната. Со победа над Словенија може да се оди на второто место.
На дуелот со Ангола, иако беше неизвесен сепак настапи Велко Маркоски, кој се чуствува подобро и самиот потенцираше дека ќе биде подготвен за следниот натпревар во понеделник.
Ново на Сител
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата