Свет
25. October 2016 - 22:08

Клапер: Северна Кореја нема да се откаже од нуклеарната програма

Напорите на САД да ја убедат Северна Кореја да се откаже од својата нуклеарна програма веројатно ќе бидат залудни, изјави денеска директорот на американското Национално разузнавање, Џејмс Клапер.

- Тие нама да го сторат тоа, затоа што тоа е нивниот адут за опстанок, рече Клапер.

Според Клапер, најмногу на што САД можат да се надеваат е Северна Кореја само делумно да ги ограничи своите нуклеарни капацитети.