Клапер: Доверливите документи не „протекоа“ од разузнавачките служби на САД
Директорот на американската Национална разузнавачка служба, Џејмс Клапер го демантира новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека службата доставила до медиумите доверлив извештај со непотврдени информации за неговата поврзаност со Русија.
Клапер додаде дека истекувањето на податоците многу го вознемирило.
Тој посочи дека разговарал со Трамп за извештајот во кој се тврди дека Русија поседува компромитирачки лични и финансиски податоци за новоизбраниот претседател на САД.
Трамп ги обвини американските разузнавачки служби дека ги дале доверливите документи на медиумите.
- Истакнав дека таквиот документ не е производ на разузнавачката заедница на САД и оти не верувам дека информациите ги дал некој од заедницата, посочи Клепер.
Извештајот содржи недокажани информации од неименувани извори за соработка меѓу блиските соработници на Трамп и Русија за хакирањето на компјутерите на членови на Демократска партија, како и недокажани тврдења за необичните сексуални активности на новоизбраниот претседател на САД.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата