Ќумбев: Нема шега со вирусот
Позитивното тестирање во редовите на ФК Шкендија и ФК Ренова ги вознемири најмногу директните актери на теренот, фудбалерите со што изјава за медиумите даде претседателот на Здружението на фудбалери Панче Ќумбев:-„Како што веќе знаете, има шестмина заразени во два табора - четири во Ренова и два во Шкендија. Случајот е пријавен во Институтот за јавно здравје, верувам дека ќе се прави уште едно тестирање набргу затоа што знаеме дека некогаш може да се јават грешки во тестирањата. Но, што е тука е, мораше јавно да се објави, сега клубовите се на потег. Ренова излезе со соопштение дека најмалку им е до фудбал, што ги разбирам целосно, додека Шкендија ги стави членовите во изолација. Овие несакани позитивни резултати се факт дека мораше да се тестираат играчите пред да се вратат на тренинзи. Мораме да го минеме процесот на тестирање, ова ни даде еден добар сигнал дека сепак требаше многу порано да се стори сето ова. ние како Синдикат толку бевме моќни“, - изјави за Гол.мк Ќумбев.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер