Ќучук: Тешко е да објасниме дека ќе ја пуштиме Албанија, но не и Северна Македонија
Нелогично и тешко е да се објасни тезата дека ќе ја пуштиме Албанија, а за Северна Македонија ќе го гледаме прашањето од историски аспект, изјави бугарскиот европратеник и известувач на ЕП за земјава, Илхан Ќучук.
– Оваа теза е многу тешка за објаснување. Европа тешко ги разбира заплетканите историски разговори, бидејќи мора да ја отвори Пандорината кутија за сопствената историја, а таа не сака да го направи тоа. Но, Европа ги разбира многу добро човековите права и слободи. И затоа фер е барањето Бугарите во Северна Македонија да бидат составен дел од македонскиот Устав, рече Ќучук за БНР.
Вели дека има зголемен и легитимен притисок од европските институции за решавање на прашањето со С Македонија и оти проширувањето е клучен приоритет на оваа Европска комисија.
– Бугарија нема за што да се грижи, најмалку да се обидува да избегне искрен, отворен разговор со Северна Македонија – како за минатото, така и за иднината. Но, очигледно е дека од национална гледна точка немаме јасно изразена позиција на ниво на власт. Ако оваа Влада треба да се критикува аргументирано – тоа е неможноста да постигне консензус за клучните прашања. Едно од нив е Северна Македонија, другото е односот кон Украина, коментира Илхан Ќучук.
Според него, формулата за решавање на прашањето, треба да биде резултат не само на
внатрешните коалициски напори, туку и вклучување на опозицијата.
Ново на Сител
-
Лидерите на Г7 се пошегуваа на сметка на Путин: Да јаваме коњ голи, како него | ВИДЕО
-
Бектеши: Цената на струјата што ја понуди ЕСМ не е нереална, туку одговорна одлука
-
Возел со 194 km/h на автопатот Куманово - Скопје - Велес
-
Заев: Да живее Европска Преспа
-
Рама: Ја жалам Европската Унија
-
Петков: Со истите министри влегуваме во преговори за нова влада, јас ќе бидам кандидат за премиер
-
Се степале на градскиот плоштад во Тетово, приведени четворица
-
Мајка пријавила дека син ѝ ја нападнал пред угостителски објект во Драчево