Македонија
2. February 2021 - 11:42

Ќучук: Историските спорови не треба да ги запираат реформите во Македонија

Ѕидовите немаат место меѓу земји – соседи. Ѕидовите постојат но не во буквална смисла, туку од идеолошки, историски и политички аспект. Можат да се направат пробиви во ѕидовите и да се надминат бариерите, и на тоа треба да работат двете страни, смета бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за РС Македонија, Илхан Ќучук.

-Од една страна, таков план подготвува бугарската Влада, а од друга – Владата на Република Македонија, вели европратеникот за ТВ „Bulgaria ON AIR“.

Тој се надева дека тва ќе се случи наскоро.

-Разговор без историја не е можен. Во исто време, патот на реформите во Македонија мора да продолжи, но не смее да го попречуваат тешки историски спорови. Заедничката историска комисија, чија цел е да реши многу прашања што се релевантни, мора да ја продолжи својата работа. Но, политичарите не смеат да го избегнуваат ова прашање, оставајќи го во рацете на историчарите, без оглед колку се компетентни, изјави Ќучук.

Според него, бугарската страна прави фундаментална грешка мешајќи ги двата договора – оној со Грција, т.н. Договорот од Преспа, и Договорот за добрососедство со Македонија.

– Додека Преспанскиот договор става крај на спорот со поделба на историски факти и личности, буквално велејќи дека Република Македонија нема никаква врска со античка Македонија, нашето прашање е многу покомплицирано. Тој го воведува терминот „заедничка“, кој поставува „други важни прашања за нашата заедничка иднина, кои неизбежно мора да бидат поврзани со ЕУ. Две толку блиски земји – Бугарија и Македонија – можат да ги решат сите покренати прашања. Но, излегува дека колку сме поблиску, толку сме подалечни, објаснува европратеникот Илхам Ќучук.