Македонија
15. March 2019 - 15:23

Ќосето: Не сум крадел па немам пари да се вратам во Велес, супер ми е во Шутка

Обвинетиот Горанче Ангеловски Ќосето, кој беше осуден на казна затвор од 12 години, рече дека нема да бара да се брани од слобода, бидејќи во затвророт во Шуто Оризари му е добро и оти нема пари да се врати за Велес.

„Супер ми е со другарчињата во Шутка и така немам пари да се вратам во Велес оти не сум крадел“, рече со смеење Ќосето и изјави дека „нема други прашања“.