Фудбал
27. October 2015 - 14:55

Ќиро ќе тренира клубови до 100 години!!!

За легендарниот хрватски тренер, Мирослав Чиро Блажевиќ нема пензија и најверојатно како што стојат работите ќе работи до 100 години откако одлучи да седне на клупата на српскиот прволигаш Спартак Суботица. Како што соопштија од клубот, популарниот Чиро разговарал со претседателот на Спартак, Драган Симовиќ и во текот на денешниот ден ќе допатува во Суботица. Блажевиќ кој има 80 години, во својата кариера водеше бројни тимови, а последниот ангажман му беше минатата сезона во хрватскиот тим Задар.