Живот
2. April 2019 - 14:01

Ќерки брутално ја ликвидираа мајката во Мисисипи: Постарата (14) ја избодела, а помалата (12) ја изрешетала, претходно се обиделе да ја прегазат

Амаријона Хол (14) и нејзината 12-годишна сестра од Магнолија, Мисисипи, се уапсени во јануари годинава поради убиство на мајката Ерика, а сега конечно проговорија за кобниот настан.

„Беше гадно“, рече Амаријона.

Таа истакна дека би вратила се ако би можела, а на прашањето дали биле злоставувани, постарото девојче рекло: „Да, не злоставуваше нашата мајка“.

Девојчињата не сакале да зборуваат пред камерите за фаталниот инцидент, но тврдат дека не се одговорни за смртта на мајката, зошто за време на убиството биле во куќата на својата тетка. Иако Амаријона тврди дека мајката ги злоставувала, од канцеларијата на шерифот за областа Пајк велат дека никогаш немало такви пријави.

Главниот истражител Крис Бел изјави дека девојчињата првично признале дека планирале убиство, така што исценирале тропање на вратата за да ја измамат мајката да излезе од спалната соба. Потоа постарата ќерка ја избодела мајката со нож, а помладата ја застрелала со огнено оружје, по што Амаријона повторно ја избодела.

Заменик шерифот се јавил на повикот и подоцна рекол дека мајката не му кажала дека се обиделе да ја прегазат, ниту дека поднела пријава.

Адвокатот на девојчињата Грег Малта вели дека одбраната ќе ја базира на самоодбрана.

„Ерика им се закануваше на девојчињата со зборовите: „Имам пиштол. Имам само два куршуми, но само два ми требаат“, рекол Малта.

Ебони Хол истакна дека таквите наводи никогаш не ги слушнала. „Мислам дека само беше бесна. А беше и исплашена, Се обидоа да ја прегазат“, рече таа.

Таткото на девојчињата Еди Ајзак не верува во верзијата на властите. „Имаат куп приказни и лаги, и јас не гледам како тоа функционира“, рече тој.

Според законот на Мисисипи, децата од 13 и повеќе години, обвинети за одредени злосторства автоматски им се суди како на возрасни. Судијата може подоцна да го предаде случајот на суд за малолетници, што адвокатот на девојчињата, најверојатно и ќе го побара. Но обвинителот е против.

„Таа е 14-годишна која извршила тешко злосторство и законот вели дека е возрасна“, рече обвинителот Ди Бејтс.

Во текот на викендот девојчињата се пуштени од притвор. Амаријона чека на следното појавување на суд и се изјасни дека не е виновна, додека нејзината сестра ќе биде предадена на судот за малолетници. Властите и натаму ги чекаат резултатите од обдукцијата на Ерика Хол.