Живот
23. March 2016 - 23:18

Ќерката заплака под тушот, мајката знаеше дека нешто не е во ред

Грејс Јетс била среќно 10 годишно девојче од Нов Зеланд.

Обожувала спорт и музика, но кога наеднаш добила симптоми слични на грип, целиот нејзин живот се сменил.

На почетокот, нејзината мајка не се секирала многу околу нејзината настинка: главоболка, мала температура и кашлање. Меѓутоа, кога еден ден ја нашла својата ќерка како седи и плаче под туш, знаела дека е нешто многу сериозно. Имено, девојчето имало ужасни болки во нозете и не можела да стаен. Веднаш отишле во болница каде морале да чекаат со часови. Состојбата на Грејс била се полоша и полоша, а прогнозите биле лоши - дали ќе преживее, дали е ова последне ден кога ќе може да зборува.

Лекарите биле збунети. Грејс била на ренген и добила инјекција во рбетот за да и се намали болката што ја чувствувала. Лекарите зеле примерок од нејзината рбетна течност и дошле конечно до дијагноза: Грејс боледувала од базална ганглијална некроза.

Лекарите вака го објасниле тоа: нејзиниот мозок е нападнат и полека кородира. Малку може да се направи освен да се даваат силни лекови против болки.

Грејс се уште имала напади: не можела да зборува, да оди, да се движи, мрда но и натаму била потполно свесна. Лековите и помагале да комуницира, но и нападите не и поминувале. За да се запре прогресијата на болеста, таа имала енколку операции, а нејзината волја за живот не опаднала.

Таа сега има 13. години. Состојбата и е малку поправена, но и натаму и е потребна 24-часовна нега. Не е сигурно дали Грејс некогаш ќе може да води независен живот. За сега докторите се фокусирани на тоа да и ги минимизираат болките и се радуваат на секој мал напредок што го прави.

На Грејс и е потребна интензивна нега и скапа терапија. Нејзината мајка направила веб сајт за донации, а над 1000 луѓе до сега донирале над 20.000 долари. Таа е благодарна за секој добиен долар.

По една од операциите Грејс се разбудила, ја погледнала мајката и ја кажала азбуката. Сите биле воодушевени од овој напредок.

(Hefty)