Џет-Сет
1. јуни 2016 - 9:38

Ќерката на Весна Змијанац планира тајна венчавка

 
Ќерката на Весна Змијанац, Николија Јовановиќ која е бремена од својот колега, раперот Реља Поповиќ, планира тајна венчавка со него. Тие сакаат сосема сами да се заколнат на вечна љубов некаде далеку од очите на јавноста.
 
Како што дознава српскиот Курир, парот ова лето својата љубов ќе ја круниса со свадба, но таа ќе се одржи во тајност. Се сложиле на свадбата да присуствуваат само кумовите, но и за нив тоа ќе биде изненадување.
 
Ексклузивни фотки ќе добие само еден магазин со кој ќе потпишат договор.
 
Парот не одговарал на телефонските повици на новинарите.