Живот
28. March 2017 - 10:52

Ќерката на Рокфелер ја отвори душата и ги откри мрачните тајни

 
Ајлин Рокфелер, 65-годишната ќерка на познатиот Рокфелер кој почина неодамна, откри тајни за семејството на богаташот. Најстарата ќерка на 101-годишниот Дејвид Рокфелер кој почина минатиот понеделник вели дека цело семејство се собрало по неговата смрт. Таа раскажа за голготата на нејзината мајка.
 
- Мојата мајка беше како сонце, секогаш насмеана и весела, но потоа следеа мрачни моменти. Постојано беше отсутна и лута. Мислев дека ќе излезе од дерпесијата, но не беше така, вели таа.
 
Додава дека нејзиниот татко Дејвид Рокфелер, бил личност со ведар карактер. Иако во детството бил често отсутен, секогаш чувствувала посебна топлина со него.
 
И во неговите поодминати години секогаш се гледале кога таа доаѓала во Љујорк, со оглед на тоа дека живее во Вермонт.
 
Инаку, Рокфелер беше американски банкар и еден од најбогатите луѓе во светот, и според податоците на „Форбс“ неговиот имот се проценува на околу две милијарди долари.
 
Рокфелер е роден во Њујорк и во текот на неговиот живот успеал да остави впечаток на достоен наследник на една од најмоќните капиталистички династии во историјата.
 
Пред две години ја имаше шестата операција за пресадување на срце.
 
Во 1936 години дипломирал на Универзитетот „Харвард“, а потоа започнал да работи во една од семејните банки во Лондон.
 
Во 1940 година почнува да работи во градската служба во Њујорк.
 
За време на Втората светска војна служел во воената разузнавачка служба за работи поврзани со економска шпионажа. Крајот на војната го дочекал со чин – капетан.
 
Од 1946 година до 1981 година бил главен извршен директор на водечката светска банка „ЈП Морган енд Чејс банк“.
 
Меѓу многубројните филантропски активности, Рокфелер го основа и центарот „Дејвид Рокфелер Центар фор Латин Американ Стадис“, што работи во рамките на Универзитетот „Харвард“.
 
Тој беше последен од својата генерација во едно од најпознатите филантропски семејства во светот.