Балкан
19. July 2017 - 16:42

Ќерката на познат српски фудбалер направи сообраќајка во Атина, четворица млади завршија во болница

Грчките медиуми јавија дека ќерката на некогашниот фудбалер на Црвена звезда, Дарко Ковачевиќ, 18-годишната Стела предизвикала страотен судар во Атина во кој се повредени четири лица.

Стела била зад воланот на џипот на мајката и тоа во алкохолизирана состојба.

Сударот се случил откако група млади се враќала од ноќна журка, кога Стела од непознати причини изгубила контрола над воланот и излетала на тротоар, а потоа се судрила со друго возило.

-Мојот син и уште едно момче биле на задното седиште, Стела возела и напред со неа седела уште една девојка. Имав увид во записот на полицијата, каде пишува дека имала 0,75 промили алкохол во крвта. Синот Анастаси ми раскажа дека таа возела со молскавична брзина, вели таткото на едно од повредените момчиња.

Како што наведуваат грчките медиуми, сите патници во автомобилот кој го управувала Стела се повредени, а таа поминала без гребаница. Девојката која била во другото возило во кое удрила ќерката на фудбалерот Ковачевиќ е оперирана во една приватна клиника во Атина, а трошоците од болницата ги презел некогашниот фудбалер од Србија.

Грчките медиуми пренесуваат дека Дарко Ковачевиќ кој моментално е спортски директор на Олимпијакос, по овој повод не се огласи.