Џет-Сет
22. March 2017 - 8:53

Ќерката на Јуан МекГрегор сака да биде актерка

Клара Мекгрегор, ќерќа на познатиот актер Јуан Мекгрегор, се повеќе го привлекува вниманието во модниот свет.

Клара (21) со своите фотографии на Инстаграм докажува зошто за неа се борат модните агенции.

Моментно има договор со модната агенција „Вилхелм Моделс“, која ја лансира кариерата на Иман, сопругата на починатиот Дејвид Боуви, пишува „Сан“.

Меѓутоа, во разговор за магазинот „Дабл Ју“, Клара отрки дека има и актерски аспирации, за што има голема поддршка од родителите.

- Тие ме поддржуваат, но исто така и ме предупредуваат, рече таа.

Досега се има појавено во индискиот филмот „Groove“, кој во САД имаше премиера на почетокот на годината. Дали успешно ќе чекори по стапките на таткото, останува да се види, но едно е сигурно - за Клара Мекгрегори допрва ќе се зборува.