Џет-Сет
15. November 2017 - 12:04

Ќерката на Берни се капе во златна када

Ќерката на поранешниот шеф на Формула 1 – Берни Еклстон и на моментно најбогатата Хрватка Славица Радиќ, им дозволи на камерите да ѕирнат во нејзината луксузна вила.

тамара радиќ куќа

Така, фановите на богатата наследничка Тамара, можеа да видат како таа живее со нејзиниот сопруг, контроверзниот банкар Џеј Рутланд. Нивната куќа вреди 80 милиони eвра, и во неа имаат 50 вработени.

Тамара најмногу сака да си залегне во својата златна када, која како и целата куќа, мора да биде совршено чиста.

тамара радиќ када

Таа дури не се ни труди да ги организира своите обврски, кога за тоа се задолжени други. Нејзините „слуги“ запишуваат кога таа оди на фризер, пилатес и маникир, и внимаваат сето тоа да не се поклопи.