Џет-Сет
15. January 2018 - 18:34

Ќерката на Аркан пристигна на гробот на својот татко, а со нејзината изјава ги налути Цеца и децата

Денеска се навршуваат 18 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, а на неговиот вечен дом дојдоа неговите сопруга и деца Вељко и Анастасија и останати членови, пријатели и соработници.
 
Денеска се навршуваат 18 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, а на неговиот вечен дом дојдоа неговите сопруга и деца Вељко и Анастасија и останати членови, пријатели и соработници.
 
Но оваа година на поменот се појави и Софија ќерката на Аркан која живее во Брисел која прв пат минатата година беше на неговиот гроб и јавноста целосно ја запозна.
 
Софија инаку својот татко за прв пат го виде преку ТВ екраните кога Аркан во 1991 година стана познат низ цела Европа. Таа е родена во 1979 година, а во 1994 година тој дознал дека има ќерка во Белгија.
 
-Дојдов по повод поменот на мојот татко кој многу го сакав. Иако веќе 18 години не е со нас, он се уште во мене живее. Секој ден помислувам на него и ова за мене е најтежок ден во животот. Живеам далеку и не доаѓав во Србија, но драго ми е што денес сум тука, се радувам што ги видов и сите негови пријатели денес, вели таа.
 
Таа додава и дека тој за неа бил најдобар татко на светот.
 
Беше внимателен кон своите деца, посебно кон мене. Секако дека секој би сакал да има таков родител. Знам дека беше познат низ целиот Балкан, од секогаш тој сакаше да бидеме голема фамилија, живееше за нас, вели Софија за српските медиуми.
 
Инаку со оваа нејзина изјава многумина велат дека ги сигурно ги налутила Цеца и децата бидејќи тие му биле вистинското семејство, а не таа и нејзината мајка со која Аркан само спиел.