Живот
10. August 2018 - 13:00

Ќерката му починала само 2 дена по раѓањето: 30 години редовно ја оплакувал на гробот, а потоа ја дознал страшната тајна

Џорџ Салт од Манчестер не можел да поверува дека 30 години ќерка си ја оплакувал на погрешен гроб, а сето поради тоа што надгробниот споменик бил поставен на погрешно место.

Неговата ќерка Викторија починала два дена по раѓањето во јули 1988 година. Погребана е на јужните гробишта во Манчестер.

Салт два пати годишно во текот на три децении одел на нејзиниот гроб. Меѓутоа кога последен пат дошол на гробиштата, нејзиниот надгробен споменик го немало, зошто е преместен на местото каде што е закопна навистина неговата ќерка.

„Погледнав долу  и бев целосно шокиран. Помислив, каде изчизнал надгробниот споменик?“, вели Салт.

Надгробниот споменик, наводно поради грешка направена во текот на осумдесеттите, е преместен на празно гробно место.

Грешката е откриена дури оваа година, кога работнците на гробиштата ги провериле документите и ја мрднале плочата таму каде што требало да стои.

„Никој тоа не ми го кажа. Се чувствувам изневерено“, додава Салт.

„Кога одите на гроб кај некој, седнувате и зборувате, кажувате се што ве мачи. Неверојатна работа е тоа што зборував само со земја, таа не била таму“, заклучува тој.

Градскиот совет на Манчестер му упати „искрено извинување“.

Како што наведуваат, се е случило одамна, за да можат да кажат зошто надгробниот споменик бил ставен на погрешно место.