Живот
16. November 2019 - 20:36

Ќерката (10) ја победила леукемијата, а потоа ненадејно починала: Мајката ја обвинува болницата, случајот стигна до шкотскиот парламент

Мили Мејн, девојче (10) од Велика Британија, ја победи леукемијата, но набрзо потоа почина во болницата во Глазгов. Мајката Кимберли Дероч тврди дека нејзината ќерка починала од „неисправната вода“ во болницата, како и дека здравствените власти лажат.

Девојчето во текот на опоравувањето од тешката болест добила заразна инфекција и починала, а Кимберли е уверена дека виновник е контаминираната вода.

Здравствениот одбор на Глазгов инсистира дека причината за инфекцијата не може да се открие.

Случајот со несреќното девојче стигна и до шкотскиот парламет, откако многумина ја повикаа министерката за здравство Џини Фримен да си даде оставка.

Кимберли рекла дека лично од Фримен побарала одговори за смртта на својата ќерка, но дека добила само „општи уверувања“ дека ќе биде направена истрага.

Кимберли низ солзи раскажа како во 2017 година, кога починала нејзината ќерка, во истата болница имало 26 смртни случаи поврзани со загадена вода, но дека извештаите за тоа, наводно болницата никогаш не ги објавила.

Мили пред две години имала успешна трансплантација на матични ќелии и се опоравила, но наеднаш паднала во токсичен шок и починала неколку дена подоцна.

Во официјалниот извештај од патологот пишува дека нејзиниот катерер од кој примала лекови бил инициран, но Кимберли тврди дека вистинската причина е забошотена поради проблеми со водата во болницата.