Живот
3. May 2017 - 19:41

„Ќебап фестивал“ кој не се случи

Во Грац, повеќе стотици граѓани се измамени, со повик преку фејсбук на „Прв ќебап Опен ер фестивал“.

Преку фејсбук, корисникот „Синан, Шабан, Митар и шише од еден литар“ повика за Први мај на прв „Ќебап фестивал“ во градскиот парк Аугартен. 

- Поздрав пријатели, Први мај во Аугартен ќе биде лудо, 200 килограми мешано месо во форма на ќебап, пишува во повикот каде што се наведува дека почетокот е во 12 часот.

Повеќе од 1.200 љубители на ќебапи најавиле учество преку фејсбук, а пет илјади заинтересирани.

Многумина поверуваа дека се работи за вистинска покана и дека ќе можат да уживаат во балканските специјалитети и дојдоа на закажаното место.  Но кога пристигнале во Аугартен, немало никакви ќебапи.

Само неколку минути по закажаното време на почетокот, голем број корисници поставуваа прашања каде тоа се одржува и дали воопшто се одржува.

Еден сопственик на ќебапчилница ја искористил оваа ситуација за да ги рекламира своите ќебапи, а други корисници на фејсбук тврделе дека го „нашле“ фестивалот на ќебапи, па се создаде целосна конфузија се до попладнето кога поканата била избришана од социјалните мрежи.