Џет-Сет
9. February 2018 - 12:14

Ќе завршиш како покојната Јелена Марјановиќ: Морничави закани - Анабела стравува за Луна и за својот живот, бара заштита од полицијата

Анабела Атијас, мајката на Луна Џогани била гостин во  емисијата на реалното шоу „ Задруга’и таму изјавила дека е загрижена за животот на својата наследничка бидејќи постојано  добива потресни пораки од кои навистина се загрижувачки. 
 
- Ми пишуваат дека јас и Луна ќе доживееме се и сешто. „ Ќе завршиш како покојната пејачка Јелена“, сериозни работи од кои на секого ќе му се крене косата, вака ја започнува приказната Анабела Атијас, што го шокираше целото студио. 
 
- Се обратив до надлежните органи, јас сум дете на 70-тите, кога органите беа бог и ќотек. Се надевам дека така ќе биде и сега и правдата ќе излезе на виделина, загрижена е пејачката за својата безбедност и животот на најмилите.
 
- И немојте да мислите дека ако се заканувате од лажни профили дека невозможно е да ве најдат, предупредила Анабела