Свет
29. November 2016 - 15:35

Ќе ви се заледи крвта: Пред 27 години на овој ден се сруши авион на истото место

По тажната вест која како бомба одекна во светот, за срушениот авион на фудбалерите на Бразил, при што загинаа 76 лица, се појави уште една информација која уште повеќе ќе ви ја заледи крвта во вените.
 
Имено, на овој ден пред точно 27 години, нарко-босот Пабло Ескобар срушил авион на истото место каде синоќа падна авионот со фудбалерите. Ескобар авионот го срушил на 27 ноември 1989 година.
 
Во таа несреќа загинале 107 патници и членови на екипажот, а загинале и три лица кои се нашле на местото на трагедијата, откако ги погодиле делови од разлетаниот авион. Нарко-босот кој дневно во САД шверцувал кокаин вреден милиони долари, сметал дека во авионот ќе биде кандидатот за претседател, па затоа наредил да се сруши.
 
По игра на случајноста кандидатот не се нашол во авионот.