„Ќе ти ги убиеме децата“, уапсен маж кој се заканувал на српскиот претседател Вучиќ
Според објавите на српските медиуми утрово, полицијата, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјално одделение за високотехнолошки криминал, го уапсила М.Т. за кривично дело загрозување на безбедноста.
М.Т., за кој се вели дека се претставува како Младен Тањга на социјалните мрежи, наводно објавил стихови на Твитер (Х) „во кои директно му се заканува на семејството на претседателот Александар Вучиќ“.
М.Т. е осомничен дека преку социјалните мрежи упатувал застрашувачки закани до претседателот Александар Вучиќ, како и до претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ. Тој е обвинет дека напишал пораки на социјалните мрежи во кои пишува: „Ќе го убијам татко ти, ќе ја заколам мајка ти, ќе ги мачам братот, синот и ќерката…“.
Осомничениот и се заканувал дека ќе ја убие Ана Брнабиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна