Бизнис
31. January 2018 - 20:35

Ќе стави ли државата клуч на агенциите за привремени вработувања?

Клуч на врата за Агенциите за привремени вработувања . Со новите законски решенија кои ги предлага министерството за труд., агенциите ќе мора  да им исплаќаат плата на работниците до 15 ти  во месецот, ако тоа не го стори работодавачот, односно  нивниот клиент. Ова , според агенциите е невозможно да се направи.

- Некои Агенции за привремени вработувања имаат по 150, 200, 250 работници, односно ако сега корисниците на нивните услуги не се во можност да им исплатата  плата, ќе треба ние, Агенциите да им ја дадеме од џеб. А ние до таа дата не можеме само евиденција за присустсво на работни часови да извршиме, а не пак да изготвиме фактура и да ја наплатиме истата,   изјави Раде Ненадиќ, Агенција за посредување при вработувања

Со измените Агенциите за привремени вработувања ќе добијат ист статус како и Агенциите за посредување при вработување и покрај  тоа што вторите не сносат  никаква одговорност, односно немаат никакви обврски ни кон работникот ни кон клиентот,  не потпишуваат никакво договори, туку само посредуваат при нивното ангажирање

Затоа   од Агенциите  за привремени вработувања бараат да се врати старото решение, односно рокот за исплата на платите да  изнесува 90 дена, во случај ако клиентот не ја плати фактурата , да поведат судска постапка и да си добијат парите .  Ако остане ваквото решение, . ќе треба да плаќаат казни до 5,000 евра, за разлика од Агенциите за вработување за кои не се предвидени никакви санкции.