Македонија
1. August 2016 - 13:13

Ќе се врши обдукција на телото на мотоциклистот од сообраќајката кај Кисела Вода

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје утрово издаде наредба до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје за обдукција на телото на мотоциклистот од сообраќајката кај Кисела Вода.
 
22-годишниот С.А. за жал им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа кај Рампа
 
Покрај ова, обвинителството ја очекува комплетната документација за сообраќајната несреќа од Министерството за внатрешни работи – записниците од извршениот увид, скиците, резултатите од извршените анализи и изводите од техничкиот преглед на возилата.