Македонија
18. July 2018 - 9:07

Ќе се унапредуваат капацитетите на породилиштата

Проекти за унапредување на капацитетите на породилиштата низ државата ќе спроведе Министерството за здравство во соработка со Фондацијата „Проект Хопе“.

За престојните проекти денеска ќе информираат министерот за здравство Венко Филипче и претставници од „Проект Хопе“, меѓу кои и проектниот менаџер од Германија, Аким Екерт.