Бизнис
29. December 2020 - 16:46

Ќе се спојуваат институции надлежни за странски и домашни инвестиции

Агенцииите  за странски инвестиции и за претприемништво ќе се соединат во ТИРЗ. Првиот човек на технолошско индустриските развојни зони Деспотовски вели дека со спојувањето од една страна ќе се редуцираат институциите – една од поважните реформи, а од друга страна компаниите на македонскиот пазар и оние кои ќе сакаат да дојдат тука работата ќе може да ја завршат само на едне шалтер.

Со спојувувањето ТИРЗ повеќе нема да  работи само со компании кои ќе сакаат да инвестираат во зоните, туку и со  фирми кои ќе вложуваат и надвор од нив.

Од агенцијата за странски инвестиции велат дека при спојувањето треба целосно да се искористат сите капацитети со кои располагаат инситуциите за да може  да биде ефикасно работењето.

Од годинава повеќе нема ниту министер за странски инвестиции, но според надлежните ТИРЗ има доволно капацитет за привлекување на нови фирми.

Според податоците 80 отсто од договорите на странските компании се реалзираат преку ТИРЗ кои пак учествуваат со 50 отсто во вкупниот извоз.