Бизнис
28. November 2017 - 19:37

Ќе се спаси Фени во последен момент? Енекод дал нова усна понуда, банките бараат сериозност

По повеќе од еден месец  Бугарски Енекод излезе со  нова усна понуда до банките за комбинатот Фени. Банкарите пак  бараат сериозноста инвеститор да ја докаже со исплата на заостанатите плати на вработените и тоа од сопствени средства и најдоцна до почетокто на утрешното рочиште закажано за 12 часот.

- После повеќе од 1 месец одложување, конечно сопствениците (или потенцијалните сопственици) презентираа елементи на нова усмена понуда за „Фени Индустри“ до банките доверители. На банките им е потребно време да ја анализараат сериозноста, издржаноста иприфатливоста на понудата.

Сепак, потенцираат дека основен предуслов за докажување на сериозноста на понудувачите е претходно сопствениците најитно, најдоцнадо почетокот на утрешното рочиште закажано за 12 часот, да ја исплатат заостанатата плата на вработените од сопствени средства. Како што претходно најавивме, очекуваме дека е можен повторен обид за неосновано одложување на утрешното рочиште за отварање на стечај за Фени, кој процес според банките е најдоброто можно решение за рестартирање на фабриката. Обидите за одложување на рочиштето се спротивни на интересите и се на директна штета на вработените и доверителите. Истовремено, информираме дека банките имаат добиено понуда од заинтересиран инвеститор, кој е подготвен веднаш по отварање на стечајната постапка да депонира 3 милиони евра во банка во Македонија, со цел подмирување на неодложнитеобврски/трошоци во постапката, вклучувајќи ги и платите на вработените и другите обврски, се вели во дописот од банките.

Утре во Велес  е закажано новото рочиште за стечај за Фени. Ако се одржи од синдикатото побараа од судот да го отфрли барањето за стечај на комбинатото, зошто ако тоа се случи процесот би траел најмалку четири месеци.

Интерес за Фени има и од други компании дел од нив направија увид во комбинатот за да видат во каква состојба се наоѓа тој. Прв влезе Швајварскит фонд  но и од таму понуда за спас на фабриката нема. Останати заинтересирани купувачи се изралеско – феранцуски конзорицум и британски фонд.