Македонија
8. May 2019 - 18:14

Ќе се собира хуманитарна помош за семејството на возачот што почина на Стража

Верник, во Групата на Фејсбук „Православни вести и патувања“ информираше дека возачот што починал на Стража, бил еден од оние кои ги возеле верниците на литијата во Струга, на која, учествуваа голем број на граѓани по повод празникот Свети Ѓоргија.

„Па дознавме дека само он заработувал минимално а имал керкичка 2 години. Почина на 37 години како што се враќавме од Струга додека пауза се правеше на Стража. Низ деновиве ќе се организираме самоиницијативно па кој колку ќе може да донира“, пишува во оваа група.

За терминот за донација пред Соборна црква, ќе следи дополнително известување.