Македонија
13. October 2017 - 10:55

Ќе се реши ли деценискиот проблем на Велешани, ќе имаат ли конечно чист воздух за дишење и здрави поколенија за растење?

Велес. Градот кој што години наназад беше најзагден во Европа. И меѓу првите во светот. Возрасни со респираторни проблеми, деца со аномалии и недостатоци. 3 децениската работа на Топилница, си го зема својот данок.

Високо над Велес, троска. Рид полн со отрови.

Досега оваа депонија на згура била третирана од Министерството за животна средина. Но третманот бил само привремено решение.

Андреевски е член за здружението на родители за грижа за здрави поколенија. И досега превземале голем број активности за да обезбедат здрави поколенија. Едно од нив е климатската рехабилитација на децата.

Далиборка Златева од Здружението на родители на деца со церебрална парализа, е негов соборец од Зелената коалиција на Велес. Седум здруженија со поддршка на општината во 2011 го блокираа процесот на рестартирање на Топилница на фирмата Метрутхем.

Има свој личен пример кој што и дава сила да истрае во борбата за здрави и идни поколенија. Го изгубила 13 годишниот син со церебрална парализа. Не бара виновници, но не го трга погледот од немиот сведок на најголемиот непријател на велешани, топилницата.

Ставот на сите здруженија е заеднички и дециден.

Од општината велат концесионер е пронајден. Се бара начин да се дислоцира згурата.

Освен што работат на расчистување на депонијата со згура, општина Велес, еколошките здруженија од овој град, жителите од најмали до најстари, заеднички работат на деконтаминирање на почвата. Во Велес конечно почнаа да цветаат рози.

Ќе се реши ли деценискиот проблем на Велешани? Ќе имаат ли жителите на овој град конечно чист воздух за дишење и здрави поколенија за растење? Топилница не смее да се заборави. Никогаш повеќе никому и никаде да не се повтори.