Бизнис
16. July 2018 - 19:45

Ќе се решава проблемот со водоснабдувањето во Пробиштип

Со 600 000 евра грант средства од Центарот за развој на Р. Словенија и исто толку од републичкиот буџет, Општина Пробиштип ќе ја реновира и ќе и го зголеми капацитетот на постоечката филтер станица. Со ова општината ќе го реши проблемот со водоснабдувањето во следните неколку децении. Во моментот заврши тендерската постапка за избор на изведувач.

- Го зголемуваме капациетот од 75 на 100 литри вода во секунда, но ја ставаме во функција и старата пумпна станица во с. Ратавица, каде што ќе имаме можност да обезбедиме техничка вода за приватниот сектор, кое ќе биде големо олеснување. Знаете дека, цената за правниот сектор, за приватните субјекти е 45 денари за метар кубен-изјави Драган Атанасов.

Инвестицијата ќе овозможи снабдување со вода за пиење и во некои рурални населени места, кои се уште не се приклучени на водоводната мрежа. Најголемиот капитален проект за Пробиштип се планира да биде целосно финализиран во јануари следната година.