Бизнис
21. May 2018 - 19:43

Ќе се решава проблемот со наводнувањето во валандовско

Земјоделците од Валандовско ќе добијат нов систем за наводнување. Владата бара изведувач кој ќе ја гради мрежата. Таа  треба да го реши проблемот со сушата и климатските промени што ги мачат  производителите во овој регион. Министерот Николовски очекува со ова да се зголемат приносите на земјоделските култури и производителите да се насочат кон одгледување на  нови подходовни сорти кои што бараат континуирано наводнување.

Постојниот систем е во лоша состојба и не испорачува вода во повисоките зони. Со новиот ќе има континуирано наводнување секој ден. Корисници ќе бидат над 4500 жители на селата Удово Јосифово и Пирава.

Министерот Николовски има позитивни очекувања за следната земјоделска реколта. Оптимизмот го темели на поволните временски услови и навремената исплата на субвенциите.