Ќе се реконструира локаланиот пат низ село Велебрдо
Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и претставник од градежното претпријатие „Илинден“ АД Струга потпишаа договор за реконструкција, асфалтирање и уредување на локалниот пат кој поминува низ селото Велебрдо, едно од најголемите села во подрачјето на Река.
Проектот е вреден 1.426.428 денари, а работите на 1.500 метри долгиот пат ќе започнат со подобрување на временските услови.
-Ова е локален пат што поврзува и друго населено место, па така освен за жителите на Велебрдо, ќе се овозможат подобри услови за движење и за жителите на село Требиште кои го користат овој пат за пристап до нивното населено место. Патот во моментов е во многу лоша состојба пред се поради низа зафати кои во минатото се направени врз водоводната и канализациската мрежа, велат од општината.
Паралелно со овој зафат, на истата делница ќе биде иградена и атмосферска канализација, проект вреден од 824.959 денари. Работите ќе ги изведува ДИТ „Имако“ ДООЕЛ Гостивар,за што веќе е потпишан договор.
Двете фирми се избрани на тендер како најповолни понудувачи. Средствата за двата проекта се обезбедени од буџетот на општината.
Ново на Сител
-
Путин: Не мислам дека Трамп е сигурен - во историјата на САД имало различни инциденти
-
Николоски: Се работи на План за рационализација во Пошта од 1900 на 1400 вработени
-
Во Тетово при претрес пронајден кокаин, приведен 35-годишен тетовец
-
Бектеши: Индивидуалните акти ги осудуваме и сакаме да дадеме позитивни пораки за зацврстување на меѓуетничките односи
-
Две жртви во сообраќајна несреќа кај охридското село Ботун
-
Викедов студен бран и врнежи од снег и дожд
-
Забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег
-
Сиљановска Давкова: Нема поголемо богатство од човечкиот капитал, неопходни се мерки за задржување на младите