Бизнис
2. February 2016 - 19:54

Ќе се распределуваат новоизградените социјални станови

Имињата на 76-те прилепски апликанти за користење на социјален стан, денеска, беа јавно објавени. Станува збор за првата прелиминарна листа, која, во периодот што ќе следи, треба да биде исконтролирана од посебна Комисија, со цел утврдување на фактичката состојба, по што, ќе биде утврден и конечниот список на корисници.
 
Според министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, за прилепските социјални станови конкурирале 232 апликанти. Од нив, 173 ја имале копмлетната документација, а ждребувањето за 76-те, колку што има станови, се вршело по електронски пат.
 
Поголемиот дел од избраните корисници, видно возбудени и со солзи радосници, како да не им веруваа на своите очи. Велат, дека ова  бил главниот чекор кон крајот на еден животен кошмар.
 
Прилеп е првиот град во регионов во кој започна распределбата на социјалните станови, а кои државата ги изгради за рекордно време. Во текот на месецов, прелиминарните листи ќе бидат објавени во Ресен и во Демир Хисар.