Ќе се расчистува дивата депонија во Арачиново
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Арачиново Брахим Ајвази денеска направија увид на состојбата со дивата депонија која се наоѓа на самиот излез од населеното место.
Проблемот со оваа депонија повторно се актуализира во последниве денови поради постојаното полнење на депонијата предизвикано од нелегалното и неконтролираното фрлање на комуналниот отпад од страна на жителите на Арачиново и од проблемите со кои се соочува општината и комуналното претпријатије за чистење на отпадот.
Министерот Изаири информираше дека проблемот со депонијата во Арачиново ќе биде решен интегрирано и со воспоставување на регионалната депонија во Скопскиот регион, за што се обезбедени средства од европските ИПА фондови.
Според него, постапката за изградба на регионална депонија во Североисточниот плански регион е во многу понапредна фаза што подразбира и набавка на соодветна механизација. Министерот најави можност истата, интервентно да се искористи и за решавање на проблемот во Арачиново.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња