Македонија
23. јуни 2022 - 19:51

Ќе се преземаат мерки за контрола на малото и лесно оружје

МВР ќе ја спречува нелегалната трговија со оружје, така што електронски ќе го контролира оружјето што влегува низ граница се дури стигне до купувачот. Преку овој систем сметаат дека полесно ќе му влегуваат во трага на нелегалното оружје за да спречат дополнителни убиства, грабежи и трговија со луѓе. 

Малото и лесно оружје претставува закана не само во земјава туку и во целиот регион, оценува германскиот заменик амбасадор. 

За само четири години, во периодот од 2012-2016 година во земјава имало 1.010 случаи на нелегална трговија со оружје и муниција. Дополнително за да се спречат дополнителни злоупотреби, МВР најавува и полициски информациски систем за да ги следат и евидентираат инцидентите поврзани со оружје.