Loading Video...
Македонија
23. December 2021 - 21:16

Ќе се повтори ли приказната со вакцините и со новиот лек против Ковид-19?

Дали ќе ни се повтори истото сценарио како со вакцините доколку час поскоро надлежните не нарачаат антивирусна терапија. Македонија нема ниту еден од лековите кои се одобрени за лекување од КОВИД-19. На списокот земји е и соседна Србија каде се нарачани 100 000 пакувања од лекот на Фајзер Паксловид кој е прв одобрен антиковид лек и спречува хоспитализација и смртен исход во 89 проценти од случаите.

Иако пред еден месец надлежните најавија дека ќе преговараат со германски Мерк до денес нема договор со компанијата за лекот молнупиравир. Од МЗ за Сител велат

-Во тек се анализи за проценка на потребните количини и обезбедување на извори на финансирање за набавка на лекот. Ние располагаме со најмодерна и насофистицираната терапија - Моноклонални антитела за лекување пациенти со Ковид 19, одговорија од МЗ.

Докторите сепак потенцираат дека антиковид терапијата не е замена за вакцините. Заканата од омикрон е сериозна предупредуваат лекарите.