Македонија
22. August 2017 - 21:06

Ќе се подготвува Национална стратегија за соработка со дијаспората

Владата на Република Македонија на денешната седница едногласно ја прифатила Информацијата за потребата од изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората (2018-2023).

Како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, Владата задолжила повеќе министерства и државните органи во рок од 10 дена до Кабинетот на министерот без ресор Едмонд Адеми, задолжен за дијаспора, да достават номинации за член и заменик-член за Работната група за изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората