Ќе се отстранува нелегално поставена челична конструкција на локал на улица „Македонија“
Oвластен градежен инспектор на Општина Центар донесе решение за отстранување челична конструкција на „Гастротека Сиеста“ Д.О.О. за локал на улица „Македонија“, позади Лотарија на Македонија.
Како што соопшти Општина Центар, сопственикот на локалот не поседува одобрение за градење на челичната конструкција и бидејќи го нема испочитувано решението за отстранување на градбата, нелегалниот дел од објектот ќе биде отстранет.
Според Општината, овластениот градежен инспектор донесе и решение за присилно административно отстранување челична конструкција и дрвена платформа на локал на „Најдески 2016“ Д.О.О.Е.Л. Скопје, кое се наоѓа на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Како и во претходниот случај, инвеститорот нема одобрение за градење и не го испочитувал рокот сам да ја отстрани градбата.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ