Македонија
7. November 2020 - 16:37

Ќе се ограничи брзината за возење електрични тротинети

Граѓаните ќе може да возат електрични тротинети само по велосипедска патека. Дозволената брзина ќе биде до 25 километри на час. На тротоар, ќе може да се движат до 6 километри на час, но  само доколку нема обележана патека.

Заштитните елеци задолжително ќе мора да се носат навечер, во спротивно ќе следи казна од 50 евра. Доколку луцето вози на улица, ќе треба да плати 80 евра.. Казната за пречекорување на брзината е 120 евра, ова се измените на законто за безбедност на сообраќајот и патиштата, кој вчера помина на владина седница.

За дел од граѓаните тротинетите се безбедни, за друг пак не. Но и едните и другите велат дека е неопходно што побрзо да се донесат законските измени.

Додека да се изгласа законот, останува на совест  на граѓаните да внимаат каде и како ги возат тротинетите.

Инаку пред 3 месеци возач на електричен тортинет загина во сообраќајна незгода во Битола. Додека пред еден месец , во сообраќајка тешко повреден беше и 36 годишен Скопјанец.