Бизнис
26. April 2018 - 19:39

Ќе се обновуваат економските односи со Иран

 Македонските со иранските компании заедно ќе произведуваат стоки со кои ќе ги освојуваат останатите пазари.  Целта е со заеднички бренд  да се настапи во регионалните земји. Ова е договорено на денешната  средба меѓу стопанствениците од двете земји. Трговската соработка е на многу ниско ниво.   Покрај далечината, постојат и визни бариери, кои го отежнуваат тргувањето. Но од комори се спремни да го сменат тоа. 

- Заедно ќе градиме мостови, електрани, патишта, рафинерии, ќе соработуваме во медицинската  и фармацевската индустрија, произвдоство на дрво, гума, секој вид земјоделски произвдоди и слично изјави Голам Хосеин Шафеи, претседател на Иранската комора за трговија, индустрија, рударство и земјоделство

Ако вкупниот увоз во  Македонија во 2016 та година изнесувал речиси 6 милијарди долари, само од Иран увезени се стоки вредни 4 милиони 76 илјади долари. За истиот период во Иран вкупно увезени се стоки од 44,5 милијарди долари, а   Македонија учествувала само со  400 илјади  долари. Овие бројки се разочарувачки и секое помрднување нагоре, ќе биде добро

-  Иран е голем пазар од 80 милиони потенцијални потрошувачи и за Република Македонија е голем предизвик да се зголеми економската соработка со оваа земја во двете насоки. Владата го овозможува тоа Преку имплементација на мерките од Планот за економски раст, односно преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој е во собраниска процедура и очекуваме да биде донесен до средината на месец мај. Иранските компании имаат можност да реализираат инвестиции во нашата земја, а преку мерките ќе може да очекуваат поврат од 10% од висината на инвестицијта. Од друга страна ги стимулираме и домашните компании технолошки да се развиваат и да станат поконкурентни со што ќе освојуваат нови пазари, односно ќе воспоставуваат соработка со компании од други земји“, посочи вицепремиерот Анѓушев.

Многу поголема соработката меѓу Македонија и Иран ќе има ако се воспоставт дирекни авиолинии, се укинат  визите, има царински, даночни и тарифни олеснувања, но и безбеден транспорт, посточија од иранската комора. За почеток, два пати годишно ќе организираат Денови на економија на Иран во Македонија и обратно и ќе се посетуваат саемни манифестации.