Бизнис
19. November 2021 - 17:31

Ќе се обезбеди ли струја за домаќинствата по пониски цени, ЕВН Хоум објави нов тендер

ЕВН Хоум објави нов тендер на кој треба да обезбеди струја за домаќинствата за следната година. Крајниот рок за доставување на понудите е 25 ноември. Претходниот тендер на универзалниот снабдувач пропадна поради тоа што не беше доставена ниту една понуда. Понуда не достави ниту ЕСМ. Од компанијата тогаш не дадоа конкретен одговор зошто не се јавиле на повикот. Според информации се уште ја формирале цената по која ќе ја продаваат својата струја. Инаку според законот за енергетика ЕСМ има обврска да обезбеди 60 проценти од потребите на струјата за домаќинствата. Ако тоа не го стори ќе треба универзалниот снабдувач количините да ги надомест од надвор.

Моментално цената по која ЕСМ ја дава струјата на универзалниот снабдувач е 36 евра за мегават час.

Ако се набавува од надвор ќе биде многу поскапа и со тоа директно ќе пораснат сметките на граѓаните.

 

Ирена Чачкова