Џет-Сет
12. November 2018 - 13:34

Ќе се наежите од глетката: Луксузниот дом на актерот пеплосан до темел, а од еден детаљ ќе ви надојдат солзи на очите

Додека се уште беснеат пожарите во Калифорнија, а бројот на загинати расте холивудските ѕвезди секојдневно објавуваат страши фотографии од самото место.

Еден од оние на кого му изгоре куќата до темел е и актерот Џерард Батлер кој на својот Инстаграм профил објави фотографија од пеплосаниот дом во Малибу, Калифорнија.

Актерот на својот Инстаграм објави емотивен текст со што на многумина фанови им надојдоа солзи на очите.

-Се вратив во својот дом во Малибу по евакуацијата. Тешките мигови ги споделувам со Калифорнија. Како и секогаш инспириран сум од храброста, духот и жртвата на пожарникарите. Ви благодарам, пожарникари. Ако можете поддржете ги храбрите момчиња и жени, додаде актерот под фотографијата.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Gerard Butler (@gerardbutler) on