Македонија
7. October 2016 - 16:31

Ќе се модернизира уличното осветлување во Демир Капија

Во Демир Капија и населените места ќе се модернизира уличното осветлување со замена на старите живини, со нови лед светилки.

Градоначалникот Трајче Димитриев информира дека предвидено е вградување на 763 лед светилки и дека проектот опфаќа и поставување на 70 нови столбови,  од влезот во  Демир Капија до градскиот пазар  во должина од 2 километри.

Најави дека ќе бидат поставени подземни напојни кабли за поврзување.

Според Димитриев со промена на светилките ќе се добие подобро осветлување, заштеда на електрична енергија и намалени трошоци за одржување.

Целосното извршување на предвидените активности е планирано да трае шест месеци.