Македонија
16. December 2015 - 13:42

Ќе се легализира марихуаната во Македонија за медицински цели!

Македонија до февруари 2016 година ќе го легализира канабисот за медицински цели. Со тоа Македонија ќе стане 14-та држава во Европа која го легализираше канабисот по Чешка, Финска, Романија, Италија, Шпанија, Холандија, Франција, Австрија, Португалија, Германија, Велика Британија, Словенија и Хрватска.
 
Тоа ќе им се помогне на голем број на македонски граѓани кои се борат со сериозни болести и имаат потреба од лекување на природен начин. Препаратите ќе се користат за онколошки заволувања, ХИВ-СИДА, невролошки ... но само со медицинска препорака, под медицински надзор, а не за самолекување. Притоа тоа нема да биде замена за медицинската терапија.
 
Ова го соопшти министерот за здравство Никола Тодоров и нагласи дека Министерството за здравство заедно со стручната јавност,Агенцијата за лекови и медицински средства на РМ, а по неодамна одржаната јавна расправа изготви предлог закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци во насока на легална и контролирана употреба на производи од канабис за медицински цели во Македонија.
 
Постапката за примена на идискиот коноп во медицински цели и предлог законот ќе се достави во Владина процедура, откако во недела 21 декември ќе се одржи уште една јавна дебата на оваа тема.