-->
-->
Ќе се издаваат од денеска риболовни дозволи во Крива Паланка
-->
Спортско риболовно-рекреативниoт клуб „Мрена “ од Крива Паланка од денеска ќе почне со издавање риболовни дозволи за тековната 2016 година.
Заинтересираните риболовци од Кривопаланечко, но и од соседните општини, информира Александар Рангелов претседател на СРРК „Мрена“, Крива Паланка, можат да набават дневни, неделни, 15-дневни или годишни дозволи за рибарење во риболовен реон Крива Река 1, кој се протега од извориштата на Крива Река до вливот на Кратовска Река-информира
Тој додаде дека во градскиот реон од мотел „Македонија“ до каскадите на излезот од градот важи целосна забрана за риболов бидејќи ова подрачје е природно плодиште на рибата.
- Лани беа издадени 168 дозволи, годинава очекуваме поголем интерес бидејќи „Мрена“ има околу 200 члена, а планираме со годишната програма да организираме и едукативен камп за млади со кој се надевам ќе успееме да ги поттикнеме младите од општината да ни се приклучат.Најголем процент од членовите на клубот, активни риболовци се над 30 години, а највозрасниот член кој се уште е активен има 84 години, потенцира Рангелов.
Цената на дозволата за риболов е поволна, рече тој, додавајќи дека сите кои ќе добијат риболовна дозвола добиваат маркици од Рибиловната федерација на Македонија, како и евидентен лист за видот и количината на уловена риба.
Инаку, „Мрена“ изврши годишно порибување на „Крива река 1“ во декември 2015 со вкупно 153 килограми риба, од кои 51 килограм пастрмка и 102 килограми крап, кои беа пуштени во водите на Крива Река, на осум локации во Крива Паланка и на браната во село Отошница во општина Ранковце. Средствата за порибување ги донираше „ЕМК Минихидроелектрани“ од Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација