Македонија
23. December 2015 - 9:38

Ќе се избира генерален секретар на ДИК

Во два печатени медиума утре треба да биде објавен јавниот повик за избор на генерален секретар на Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК соопшти дека на вчерашната седница го усвоила Правилникот за утврдување на начинот и постапката за избор на генерален секретар на ова највисоко изборно тело во земјата. ев/паг/08:53