Бизнис
18. April 2020 - 14:28

Ќе се исплатат субвенциите за тутунот за 2019

Исплатени над 30 милиони евра субвенции на 19.050 тутунопроизводители  за ланската реколта. Парите ќе им бидат достапни од понеделник, државна помош ќе добијат сите земјодрелци кои ги исполнуваат условите.  

За да не се создаваат гужвите пред банкоматите,  парите ќе можат да ги подигаат од понеделник  од 16 до 23 часот,. Или до 17 часот на шалтер во банка.

На тутунопроизводителите  што немаат платежни картечки, исплатата ќе им се врши по азбучен ред,  од 21 до 24 април.

Инаку за прва класа субвенцијата изнесува 80 денари, за 2 – 70 и за 3 и полоша 60 денари за килограм откупен тутун . Исплатата на парите, според надлежните  е во вистински момент.  Максималната поддршка на земјоделците останува нивниот приоритет. Поддршката наредниот период ќе продолжи и за останатите гранки.