-->
-->
Ќе се инвестираат 27 милиони денари во локални патишта во Македонска Каменица
-->
Со финансиски средства обезбедени преку Агенцијата за рурален развој во износ од 27 милиони денари, ќе се градат локални патишта во Македонска Каменица. Станува збор за патни правци до Мечкарско маало во село Саса, до Ќосевско маало во село Дулица и до Стамболиско маало во село Цера.
Градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, истакна дека во моментов тече постапката за избор на фирмата изведувач на градежните работи. На јавниот повик учествувале шест фирми, а изборот на најповолниот понудувач ќе биде избран за десетина дена.
- Со оваа инвестиција ќе се подобрат условите за живот на жителите во овие населени места. По изградбата на овие улици ќе следува изградба на уште неколку инфаструктурни проекти кои се финансирани и од буџетот на Општина Маљкедонска Каменица и од Свестката банка, средства наменети за рурален развој, рече Митевски.
Во централното градско подрачје се гради нова улица која ќе ги поврзува главната градска улица со улицата „Методи Митевски Брицо“, а ќе овозможи и полесен пристап до новата градска сала и новото повеќенаменско игралиште и кејот на Каменичка Река..
Новата улица е со вкупна должина од околу 200 метри, со ширина на коловозот од 5,5 метри и тротоари од двете страни со ширина од 1,5 метри. Паралелно со изградбата на улицата се работи и на атмосферска канализација и улично осветлување. Вкупната вредност на проектот е околу 6 милиони денари, а фирма-изведувач на градежните активности е Хит Градба Еуростил од Македонска Каменица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување