Loading Video...
Кошарка
20. October 2020 - 17:57

Ќе се игра или не кошарка во Македонија !? Кошаркарската федерација ќе „пресече“ во четврток

Откако вчера Здружението на кошаркарски клубови членови на Првата машка лига, упатија ултиматум до претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, итно, односно најдоцна до утре да се произнесе дали ќе се игра кошарка, денеска следува одговор првиот човек на мак-баскетот. 
 
Кошаркарските клубови неможејќи повеќе да ги чекаат пролонгирањата на стартот на новата сезона, потенцирајќи ја притоа ситуацијата дека во останатите спортови како фудбалот, ракометот и одбојката, шампионатите се започнати, дури и упатија ултиматум до Антиќ, доколку не се изнајде решение за почеток на првенството, Антиќ ја си поднесе оставка од претседателската функција. 
 
Во краткиот одговор односно во соопштение на КФСМ, потпишано од претседателот Антиќ, а објавено на веб-сајтот на федерацијата се вели: 
 
„Во врска со наводите изнесени во медиумите, не и до федерацијата, како што беше досегашната пракса, од страна на претседателот на Здружението на Првата лига-мажи, сакаме да ги информираме сите клубови и јавноста дека решенијата поврзани со почетокот на натпреварувањето ќе ги добијат во ЧЕТВРТОК, 22. октомври 2020 година. Претседател на КФСМ, Перо Антиќ“
 
Следствено на ова произлегува заклучокот дека во четврток, раководството на федерацијата ќе објави, дали ќе се игра кошарка во Македонија, а доколку  одлуката биде позитивна, треба да се очекува и конкретниот термин кога првенството би започнало и под кои услови, односно протоколи. 
 
Потсетување дека во неколку наврати поради позитивни кошаркари на Ковид-19, беше одложува стартот на новата сезона во мак-баскетот.